Никогаш полесен ручек од рерна: Само ставете месо и зеленчук и не чепкајте, вкусот е фантастичен

Никогаш полесен ручек од рерна: Само ставете месо и зеленчук и не чепкајте, вкусот е фантастичен

За подготовка на овој ручек не ви треба многу време, а вкусот е фантастичен!

Состојки:

  • 1 кг пилешко месо по избор
  • 500-600 гр компири
  • 400 гр шампињони
  • 2 поголеми моркови
  • 2 поголеми главици кромид
  • 100 мл масло
  • 200-250 мл вода
  • 1 лажица сув зачин
  • листови магдонос
  • зачини по желба
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Додека рерната се загрева подгответе сад во кој ќе го печете месото. 
  2. Најдобро е ако имате глинен сад со поклоп, во него сите вкусови ќе се измешаат и јадењето ќе биде многу повкусно. Може да ви послужи и огноотпорен сад со поклоп, но ако немате ни тоа ставете алуминумска фолија наместо поклоп, добро затворете ја никаде да не пропушта. 
  3. Исечкајте кромид на парчиња, додајте суви зачини и масло, измешајте па ставете на дното од садот. Преку наредете месо, исчистени и исечкани компири и моркови и од горе „нафрлајте“ шампињони, цели. 
  4. Во водата додајте сол, бибер, магдонос и прелијте преку сè. Испечете па послужете со некоја сезонска салата.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text