Куглоф со кокос – мек и мирисен колач без јајца (Видео)

Куглоф со кокос – мек и мирисен колач без јајца (Видео)

Подготовката на овој куглоф е многу едноставна, а се добива вкусен, мек и мирисен колач.

Состојки за куглоф:

  • 1 шолја јогурт
  • 1,5 шолја шеќер
  • 1 шолја млеко
  • 1 шолја масло
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 2 шолји брашно
  • 1 шолја кокосово брашно
  • 1 прашок за печиво

Состојки за прелив:

  • 3 лажици какао прав
  • 3 лажици вода
  • 3 лажици шеќер
  • 50 гр маргарин

Начин на подготовка:

  1. Сè мерете со шолја за чај од 200 мл и пред да почнете со подготовка вклучете ја рерната на 200 степени, намастете помала тепсија или калап за куглоф и посипете со брашно. 
  2. Сите состојки за куглоф измешајте ги и ставете ја масата во калап, печете во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути. 
  3. Од наведените состојки згответе прелив и прелијте преку колачот, посипете со една рака кокосово брашно и оставете да стегне.

 

Уживајте во финиот вкус!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text