Чоколадна торта богата со вишни – преубав спој на вкусови за сите генерации

Чоколадна торта богата со вишни – преубав спој на вкусови за сите генерации

Направете чоколадна торта богата со вишни.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 1 дл. масло
  • 1 дл. вода
  • 5 лажици брашно
  • 2 лажици какао
  • 1 прашок за пециво

 

Фил со вишни:

  • 1 тегла компот од вишни
  • 2 лажици густин
  • 3 кеси ванилин шеќер

Чоколаден фил:

  • 1 пудинг од чоколадо
  • 2 лажици шеќер
  • 4 дл .млеко
  • 1 лажица густин
  • 100 гр. маргарин

 

 

 

Подготовка:

  1. За кора се матат со миксер јајцата со шеќер, масло и вода, па на крај се додава полека брашното со какао и прашок за пециво.
  2. Се става во плех со хартија смесата и се пече на 180 степени, а готово е кога рабовите ќе почнат сами да се одвојуваат.
  3. Се вари компотот со вишни се додава густин, ванилин шеќер, па се става на бисквитот додека е топол.
  4. Се прави и чоколадниот фил со тоа што се прави пудинг на вообичаен начин и се става маргарин во врелиот пудинг, па се става врз кората.
  5. Се декорира по желба.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*