Салата со јајца и грав

Салата со јајца и грав

Ви донесуваме рецепт со мексикански вкусови, салата која ќе биде составен дел од вашето мени.

Состојки:

  • 4 варени јајца
  • 2 авокада
  • 800 гр варен грав
  • 1 рака исечкан коријандер
  • 250 гр сечкани домати
  • 1 ситно сечкана чили пиперка
  • маслиново масло
  • кромид
  • лук

Начин на подготовка:

  1. Исчистете го авокадото, исечете го на парчиња со саканата големина и измешајте со грав, кромид, домат и коријандер. 
  2. Од маслиновото масло, чили пиперката и лукот направете сос. Во салатата додајте варени јајца и прелијте ја со сосот. Послужете со топли и крцкави тортиљи.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text