Чоколаден колач без брашно и шеќер: Се прави за миг, а има неодолив вкус

Чоколаден колач без брашно и шеќер: Се прави за миг, а има неодолив вкус

Овој едноставен и брз рецепт за колач ни доаѓа од Јужна Америка.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 2 портокали
  • 200 гр ореви, бадеми, лешници или кокос
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 100 гр црно чоколадо
  • 200 мл неутрална павлака за готвење

Начин на подготовка:

  1. Портокалите прво потопете ги во раствор од сода бикарбона и оставете ги да отстојат половина час, потоа гответе ги околу половина час додека не омекнат. 
  2. Добро сомелете ги во блендер, додајте јајца и јаткасти плодови, претходно сомелени и малку сода бикарбона. Печете на 200 степени околу 20 минути. 
  3. На рингла згответе неутрална павлака па во неа додајте чоколадо додека не се растопи. Прелијте го готовиот и изладен колач. Разладете во фрижидер и послужете.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*