Брз ручек без готвење: Тортиљи со мисиркино месо, пченка и сушен домат

Брз ручек без готвење: Тортиљи со мисиркино месо, пченка и сушен домат

Овој едноставен рецепт е совршен во секој момент, било да станува збор за брза вечера, оброк за илзет или едноставно не ви се готви.

Состојки:

  • 1 шолја пченка
  • 1/2 шолја сечкан свеж домат
  • 1/4 шолја сечкан сушен домат
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица вински или јаболков оцет
  • 230 гр тенко сечкано мисиркино месо
  • 4 интегрални тортиљи
  • 2 шолји ситно сечкана зелена салата

Начин на подготовка:

  1. Измешајте пченка, домати, масло и оцет во чинија со средна големина. 
  2. Распоредете го мисиркиното месо на тортиљите. Наполнете ги подеднакво со пченкарна салата и зелена салата. 
  3. Свиткајте ги тортиљите и послужете, а можете и да ги преполовите со нож. 
  4. Доколку сушениот домат е премногу сув, потопете го во врела вода 20 минути пред употреба.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text