Пита без кори: Готова за 30 минути

Пита без кори: Готова за 30 минути

Кога немате време да редите класична пита или имате изненадни гости, оваа пита е вистински избор.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 12 лажици брашно
  • 2 лажици гриз
  • 1 прашок за печиво
  • 1 шолја млеко
  • 1 шолја масло
  • 300 гр сирење
  • 200 гр спанаќ
  • 100 гр сусам

Начин на подготовка:

  1. Разматете жолчки, прашок за печиво, гриз, масло, млеко и брашно. 
  2. Во одвоен сад разматете белки. 
  3. Сирењето, спанаќот и белките додајте ги во смесата со жолчки, па сè добро соединете. 
  4. Префрлете ја смесата во намастен плех, посипете со сусам и печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*