Сочна баклава со јагоди: Толку вкусна се уште не сте пробале (Видео)

Сочна баклава со јагоди: Толку вкусна се уште не сте пробале (Видео)

Наместо класична со ореви, пробајте ја оваа фантастична баклава со јагоди, ќе барате парче повеќе!

Состојки:

  • 1/2 кг тенки кори
  • 200 гр мелени ореви
  • 100 гр суво грозје
  • 300 гр јагоди
  • 1 лимон
  • 1 ванилин шеќер
  • 600 гр шеќер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Намастете тепсија со масло, па ставете ја првата кора на дното, ставете втора кора па намачкајте ја со масло и така редете ги околу 1/3 од корите, потоа ставете половина од мелените ореви и сувото грозје. 
  2. Преку нив исечкајте тенко јагоди па покријте повторно со кори, потоа фил и јагоди и покријте со кори и секоја премачкајте ја со масло. 
  3. Кога ќе го потрошите материјалот, исечете на коцки па печете на 200 степени околу 20-30 минути убаво да порумени. 
  4. Згответе сируп од шеќер и вода и додајте ванилин шеќер и парчиња лимон. 
  5. Печената баклава прелијте со млак сируп и оставете да се излади и да впие.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text