Пита со печурки

Пита со печурки

Ви предлагаме да подготвите вкусна пита со печурки каква што не сте пробале!

Состојки:

  • 1/2 кг кори за пита
  • 500 гр шампињони
  • 2 главици кромид
  • 400 мл павлака Пекабела
  • 400 мл јогурт
  • 3 јајца
  • 1/2 прашок за печиво
  • сол
  • бибер
  • малку масло

Начин на подготовка:

  1. Динстајте го кромидот на малку масло додека не добиете стакласта боја, додајте претходно исечкани шампињони. Зачинете, испржете, па оставете да се изладат. 
  2. Во посебен сад разматете јајца со миксер, додајте павлака, јогурт, половина прашок за печиво, лажичка масло и добро соединете. 
  3. Во малку намастена тепсија ставете две кори, премачкајте ги со фил од павлака и јогурт, додајте печурки и сè така додека не ги потрошите сите состојки. 
  4. Исечете ја питата на коцки за да ги впие сите состојки, и премачкајте со остатокот од филот. Печете на 200 степени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text