Со една чаша Balans+ секој ден – Здравје и енергија во текот на целата година

Со една чаша Balans+ секој ден – Здравје и енергија во текот на целата година

Здравите навики се обврска за секој од нас во секоја сезона, особено во денешниот, динамичен начин на живеење. Брзите секојдневија и брзата храна што ја консумираме ја налага потребата луѓето да почнат повеќе да обрнуваат внимание на здравиот и балансиран начин на исхрана, бидејќи само така телото и умот ќе имаат доволно енергија за да ги издржат сите предизвици на кои секојдневно ги изложуваме.

Она што е добро е тоа што свесноста за балансиран начин на живот и исхрана сè повеќе се зголемува, па луѓето полека ги менуваат секојдневните навики и се вртат кон консумација на производи што го зајакнуваат имунитетот и што ја подобруваат целокупната психофизичка состојба.

А, еден од производите што е задолжителен за балансирана исхрана, се разбира, е… Јогуртот!

Неговиот состав на внимателно одбрана комбинација на хранливи материи и висококвалитетно домашно млеко, збогатени со пребиотици и пробиотици, го ставаат јогуртот високо на листата на полезна храна за правилен и здрав развој на телото и умот и задоволување на енергетските потреби.

Јогуртот содржи важни состојки што помагаат во одржувањето на виталноста на организмот, а повеќето од позитивните дејства на јогуртот произлегуваат од присутноста на живите млечно-киселински бактерии. Овие бактерии вршат ферментација при која лактозата се претвора во млечна киселина, а, пак, млечната киселина позитивно влијае врз цревата и го зголемува искористувањето на калциумот и фосфорот.

Зошто, всушност, се важни пробиотските култури што ги содржи јогуртот?

Да почнеме по ред. Здравиот дигестивен систем е основата на доброто здравје. Ако храната не се вари правилно, организмот не ги добива потребните хранливи вредности, што доведува до опаѓање на енергијата и до влошување на здравствената состојба. Затоа, особено е важно внесувањето на добрите бактерии – пробиотиците и храната за пробиотиците – пребиотиците.

Комбинацијата на состојки од пробиотик и пребиотик, кои се содржат во пробиотскиот ферментиран млечен производ Balans+, имаат повеќекратно позитивно дејство врз организмот, што е потврдено од голем број научни истражувања и од лекарите. Пробиотиците се, всушност, поединечни или мешани култури на живи микроорганизми што позитивно влијаат врз организмот и со тоа ги подобруваат својствата на автохтоната микрофлора на дигестивниот систем. Пробиотските култури што ги содржи Balans+ се L. acidophilus и Bifidobacterium lactis, а нивната полезност за организмот е и клинички докажана.

Пребиотиците, пак, се несварливи состојки на храната што поволно влијаат врз организмот со помош на стимулација на растот и развојот на корисната микрофлора, со што се подобрува здравјето на консументот. Поради овие својства, пребиотиците претставуваат храна за пробиотиците. Пребиотикот што го содржи Balans+ е олигофруктозата, а се добива од коренот на растението цикорија.

Совет: Пред употреба, советувајте се со Вашиот стомак.

Зошто е важна секојдневната консумација на пробиотски јогурт?

Покрај благодатите за Вашиот стомак, дали сте знаеле дека само една чаша пробиотски јогурт е значаен извор на калциум, фосфор, рибофлавин, јод, цинк, витамин Б5, како и витамин Б12, неопходни за правилно создавање на црвените крвни зрнца и за зачувувањето на доброто здравје на нервниот систем. Благотворните состојки на јогуртот ги зајакнуваат имунитетот и целокупната отпорност на организмот, а истовремено јогуртот е и верен сојузник на витата линија поради калциумот што ја редуцира работата на масните клетки. Една до две чаши Balans+ на ден ја зголемува загубата на масти, а го намалува губењето мускулна маса – што претставува најсоодветен начин на исхрана препорачлив за секого.

Со секојдневна консумација, поради високото ниво на калциум во неговиот состав, јогуртот е одличен сојузник за здрави заби и коски, односно помага во борбата со остеопорозата.

Balans+ е, исто така, одличен и за убава насмевка и здрави заби. Можеби и малку е познато, но токму комбинацијата на двата типа пробиотици што ги содржи Balans+ доведува до значително намалување на кариесот, бидејќи ги напаѓаат штетните бактерии во усната шуплина што предизвикуваат кариес.

Исто така, пробиотскиот јогурт се препорачува и паралелно со антибиотската терапија, бидејќи токму тогаш се нарушува рамнотежата на „добрите и лошите“ бактерии во организмот. Пробиотиците, всушност, му помагаат на дигестивниот тракт да може повторно нормално да ја извршува својата функција, а истовремено се редуцираат страничните ефекти, како што е дијарејата.

Консумацијата на јогурт особено се препорачува за време на летните денови, кога е и најчеста појавата на дисбаланс на дигестивниот тракт. Токму затоа, обидете се на Вашата утринска „То-do“ листа да запишете „Една чаша Balans+“ или, пак, домашен сладолед со свежо овошје и Balans+.

Добар апетит!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Полнети тиквички со кисело млеко

Пита со кисело млеко

Домашни колачиња со парчиња чоколадо и путер

Путер кифли – Рецепт кој ќе ве врати во детството

Која е тајната на совршените домашни колачиња и кифли?

Ново семејно пакување – Битолско кисело млеко за целосно уживање

8 докажани бенефити од пиењето јогурт

Jogood во чаша ‒ Овошна забава со секој залак!

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*