Бајадера со кикиритки, бело и црно чоколадо: Три пати поевтина од онаа во продавница (Видео)

Бајадера со кикиритки, бело и црно чоколадо: Три пати поевтина од онаа во продавница (Видео)

Направете вкусна бајадера со кикиритки за сите сетила.Во продолжение и детален видео рецепт:

Состојки:

  • 180 мл. вода 
  • 180 гр. шеќер 
  • 75 гр. маргарин 
  • 200 гр. мелени кикиритки 
  • 250 гр. мелени бисквити 
  • 80 гр. црно чоколадо 
  • 100 гр. бело чоколадо 
  • 120 гр. чоколадо за глазура 
  • 2 лажици масло

 

Начин на подготовка:

  1. Се ренда црното чоколадо, а во сад се ставаат да се варат водата и шеќерот, а откако ќе зоврие се става маргарин и се чека да се растопи. 
  2. Се трга од оган и се ставаат кикиритки и 200 грама мелени бисквити. 
  3. Се дели смесата на два дела, во едниот се става изрендано црно чоколадо, во другиоѕ 50 грама бисквити кои останаа. 
  4. Се става на плех со хартија светлата смеса. Во микро се топи белото чоколадо, па се става врз слојот на плехот, и се става во ладилник кратко. 
  5. Се вади од ладилник па се става делот со темно чоколадо и се рамни. 
  6. Се прави глазурата во микро и се става горе, а се декорира по желба.

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Тече чоколадо, а врз него малини

Брзи корнфлекс корпи

Брзи пуслици

Алва торта

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет