Кифлички со маргарин, кората крцка, внатре се топат – ќе замириса цела населба

Кифлички со маргарин, кората крцка, внатре се топат – ќе замириса цела населба

 Вкусни кифлички со маргарин кои се топат во уста и брзо се прават.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 1 кг. брашно тип 400 
  • 500 мл. вода 
  • 40 гр. свеж квасец 
  • сол 
  • шеќер 
  • 2 лажици масло 
  • 250 гр. маргарин 
  • 1 жолчка

 

 

Начин на подготовка:

  1. Во топла вода се става квасецот со шеќер и се чека да се активира. 
  2. Се додава половина брашно, сол и половина маргарин и се меша. 
  3. СОВЕТ: Маргаринот треба да е на собна температура. 
  4. Се додава постепено и целото брашно и се замесува тесто. 
  5. Се прелева со масло и се остава 5 минути да впие, па се дели на три дела. Секој се расукува во круг, а од останатиот маргарин се става по една лажица. 
  6. На првиот кругг се става пола од маргаринот кој остана, па се става друго тесто, па маргарин, па трето тесто. 
  7. Се прави голем круг, се сече на 4 па на 8 дела, па се прават кифлички. 
  8. Се замотуваат и се премачкуваат со жолчка. 
  9. Нека стојат да нараснат додека се загрее рерната, па се печат во плех со хартија 15-20 минути.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*