Освежителен колач: Бело чоколадо, портокали и ореви, аромата мами

Освежителен колач: Бело чоколадо, портокали и ореви, аромата мами

Направете вкусен и освежителен колач со портокали.Ова е рецептот за убавото задоволство.

Состојки:

  • 180 гр. маргарин 
  • 100 гр. шеќер 
  • 150 гр. брашно 
  • ½ кесе прашок за пециво 
  • 200 гр. мелени ореви 
  • 2 рендани и смрзнати портокали 
  • 6 белки

 

1 Слој:

  • 6 жолчки 
  • 200 гр. шеќер во прав

2 Слој:

  • 150 гр. мелени бисквити 
  • 7 лажици сок од портокал 
  • 100 гр. шеќер во прав 
  • 150 гр. маргарин 
  • 50 гр. бело чоколадо 
  • мелени или сецкани ореви за горе

 

 

 

 

Подготовка:

  1. Се матат маргаринот со шеќер, се додава брашно помешано со прашок за пециво, мелени ореви и рендани портокали. 
  2. Одвоено се матат белките, се додаваат во претходната маса. 
  3. Се убаво се меша и се става во подмачкан плех, па се пече на 180 степени. 
  4. Во меѓувреме се матат жолчките со шеќер во прав, па печената кора се премачкува со оваа смеса и се враќа во рерна на 150 степени да се засуши слојот. 
  5. За вториот слој се мешаат бисквитите со сок од портокал, па се додаваат одделно матените маргарин и шеќер во прав, па белото чоколадо. Се меша се убаво. 
  6. Се премачкува оладената кора и се наросуваат сецкани или мелени ореви.

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Тече чоколадо, а врз него малини

Брзи корнфлекс корпи

Брзи пуслици

Алва торта

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет