Царска пита: Вкусен оброк кој се подготвува за миг (Видео)

Царска пита: Вкусен оброк кој се подготвува за миг (Видео)

Подготовката е едноставна и брза, а во основното тесто можете да ги ставите сите состојки кои ги имате во фрижидер.

Вкусен предлог за доручек или вечера…

Состојки:

  • 100 гр пченкарно брашно
  • 100 гр лебно брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 3 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 100 мл масло
  • сол
  • 200 гр шунка
  • 1 црвена пиперка
  • 3-4 кисели краставички

Начин на подготовка:

  1. Јајцата разматете ги со жица, додајте ги сите наведени состојки (шунка, пиперка и краставички исечкани на коцки) добро измешајте и ставете во намастен плех со димензии од 24 см. 
  2. Убаво израмнете и печете на 200 степени околу 40 минути убаво да порумени.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*