Најдобриот брз ручек: Неодолива мусака со сирење

Најдобриот брз ручек: Неодолива мусака со сирење

Има денови кога само сакате ручекот да биде готов што побргу…

Овој рецепт е решение за вас. Освен што е едноставен, брзо се подготвува, а толку е вкусен што сите ќе го обожаваат.

Состојки:

  • 2,5 кг компири
  • 2 дл млеко
  • 3 дл кисела павлака Пекабела
  • 2 главици кромид
  • 50 гр тврдо сирење
  • ловоров лист
  • 1 чешне лук
  • путер
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во сад ставете млеко и додајте лук и ловоров лист, згответе 2-3 минути, а потоа извадете ги лукот и ловорот, а млекото оставете го да се излади. Потоа во млекото додајте кисела павлака и малку посолете. 
  2. Кромидот исечкајте го на кругови и динстајте го на путер. Компирите исечкајте ги на тенки кругови. 
  3. Со путер намачкајте подлабок сад за печење. На дното наредете кругови компири, потоа додајте динстан кромид, а потоа повторно наредете компири и зачинете со бибер и сол. Потоа ставете млеко и павлака. 
  4. Садот прекријте го со алу фолија и ставете го во загреана рерна на 180 степени 45 минути. 
  5. Потоа изрендајте сирење и вратете ја мусаката во рерна уште неколку минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text