Неодоливи компири со мускатно оревче

Неодоливи компири со мускатно оревче

Вкусни и ароматични компири со мускатно оревче во бешамел сос…

Состојки:

  • 500 гр компири
  • 2 лажици масло
  • 150 гр сирење гауда
  • 200 гр суво месо
  • сол

Состојки за бешамел:

  • 1 мала коцка путер
  • 2 лажици брашно
  • млеко по потреба
  • сол
  • бибер
  • мелено мускатно оревче

Начин на подготовка:

  1. Компирите излупете ги и исечкајте ги на тенки кругови, но не до крај. Ставете ги во намастен сад, премачкајте со масло и посолете. Печете во рерна околу еден час на 175 степени. Кога компирите ќе бидат речиси печени, извадете ги од рерна и во секој прорез ставете суво месо и сирење. 
  2. Пропржете брашно на путер, залијте го со топло млеко, цело време мешајќи и додајте сол, бибер и мускатно оревче. Мешајте додека не згусне. Компирите прелијте ги со бешамел, посипете со рендано сирење и печете уште 20 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text