Еспресо колач по рецепт на Џејми Оливер: Десерт без брашно за сите љубители на кафето

Еспресо колач по рецепт на Џејми Оливер: Десерт без брашно за сите љубители на кафето

Совршена мешавина од кафе и чоколадо…

Состојки:

  • 200 гр бадеми
  • 200 гр црно чоколадо
  • 175 гр несолен путер
  • 70 гр шеќер во прав
  • 4 јајца
  • 20 мл еспресо

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 170 степени и намастете калап за печење со пречник од 20 см. 
  2. Сомелете бадеми, но внимавајте смесата да не стане леплива. 
  3. Растопете чоколадо, путер и еспресо на пареа со постојано мешање. 
  4. Разматете жолчки и шеќер додека не добиете компактна смеса. Ставете ја смесата со чоколадо и измешајте, а потоа додајте ги и бадемите. 
  5. Разматете белки во цврст снег и додајте во претходната смеса. Печете 25-30 минути.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text