Кремасти како Италија: Тестенини со шампињони

Кремасти како Италија: Тестенини со шампињони

Вкусни и кремасти тестенини со шампињони…

Состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 лажици путер
  • 1 праз
  • 2 чешниња лук
  • 50 гр суво месо
  • 1 дл бело вино
  • 1 главица брокула
  • 500 гр шампињони
  • 500 гр тестенини
  • 1 веза магдонос
  • 200 мл слатка павлака
  • 2 лажички сенф
  • 1/4 лажичка црвена пипер
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во тава загрејте маслиново масло, додајте путер и праз па динстајте неколку минути. Додајте лук и исечкано суво месо па утше малку пржете, внимавајќи кромидот да не изгори. Кога месото ќе биде пропржено, додајте вино и оставете алкохолот да испари. Потоа додајте брокула и динстајте неколку минути. 
  2. Отстранете ги вишокот маснотии од тавата, ставете шампињони и пржете ги на свуо малку да омекнат, потоа додајте магдонос и измешајте.
  3. Во шолја измешајте слатка павлака, сенф, сол, бибер, пипер, малку топла вода. Прелијте сè преку шампињоните и динстајте на слаб оган десетина минути. Сервирајте со зготвените тестенини.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text