„Лудило” од вкус за кокос љубителите: Кокос коцки со јагоди

„Лудило” од вкус за кокос љубителите: Кокос коцки со јагоди

Направете вкусни коцки со кокос и јагоди.Нема поубава симфонија од вкусови, ова е рецептот:

Состојки:

  • 5 белки 
  • 5 лажици шеќер 
  • 2 лажици брашно 
  • 1 лажиче прашок за пециво 
  • 100 гр. кокос 
  • 200 мл. млеко за преливање

Фил1:

  • 500 гр. јагоди 
  • 200 гр. шеќер 
  • 2 пудинзи од јагода 
  • 250 мл. вода

 

Фил2:

  • 5 жолчки 
  • 7 лажици шеќер 
  • 2 ванилин шеќер 
  • 5 лажици густин 
  • 500 мл. млеко 
  • 200 гр. путер 
  • 100 гр. шеќер во прав

 

Декорација:

  • 200 гр. шлаг 
  • 300 мл. кисела вода

 

 

 

 

Подготовка:

  1. За кора се матат белките во цврст снег, а потоа се додава шеќер и се убаво се мати со миксер, па се додаваат претходно помешаните брашно, прашок за пециво и кокос и се соединува се убаво. 
  2. Смесата се става на плех со хартија за печење и се пече на 180 степени околу 20 минути. 
  3. Печената кора кога ќе биде готова се полева со ладно млеко и се остава да се лади. 
  4. За првиот фил се ситнат јагодите со блендер, се додава шеќер и потоа смесата се вари. 
  5. Посебно се раствара пудинг во вода, па се става во сместаа која врие. 
  6. Се меша да згусне и се трга. 
  7. За вториот фил се матат жолчките со шеќер, со густин и 100 милилитри млеко, па се става сето тоа во останатото зовриено млеко на шпорет. 
  8. Се мати пенасто маргаринот со шеќер во прав и потоа се додава во смесата. 
  9. На кората се нанесува еден фил па се рамни, па вториот, па се декорира со изматен шлаг со кисела вода.
  10. Може да ставите горе и јагоди по желба.

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Тече чоколадо, а врз него малини

Брзи корнфлекс корпи

Брзи пуслици

Алва торта

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

singlepost_text