Од рерната толку ќе мириса што едвај ќе дочекате да пробате: Кифлички со шунка и кашкавал

Од рерната толку ќе мириса што едвај ќе дочекате да пробате: Кифлички со шунка и кашкавал

Ретки се оние кои може да им одолеат. Кога ќе замирисаат од рерна едвај ќе дочекате да ги пробате. Рецепт за вкусни кифлички со шунка:

Состојки:

  • 500 мл јогурт
  • 20 гр квасец
  • сол по вкус
  • 1 лажиче шеќер
  • 200 мл масло
  • 1 кг брашно
  • 250 гр маргарин
  • 300 гр Пекабеско шунка
  • 300 гр кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Се меша изронетиот квасец со половина од брашното, па се става и јогуртот во вангла, сол по вкус и шеќер.
  2. Се додава масло и постепено се додава останатото брашно додека не се добие меко тесто.
  3. Се остава да нарасне двојно.
  4. Се расукува тестото, се мачка со растопен маргарин, па се преклопува и се остава така во ладилник 20 минути.
  5. Се вади и се расукува пак, па пак се прави истото и со маргарин и се враќа во ладилник 20 минути.
  6. Така се прави 4 пати вкупно.
  7. На крај се расукува, се сечат триаголници, им се става сечена шунка и рендан кашкавал и се виткаат како кифли.
  8. Се печат на 200 степени додека не поруменат.

На здравје!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

singlepost_text