Евтини киндер триаголници – ви требаат само 6 состојки

Евтини киндер триаголници – ви требаат само 6 состојки

Направете вкусни киндер триаголници. По тортите и колачите, ова е иделен лесен и брз рецепт кој ќе го обожаваат и децата.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 600 гр. шеќер 
  • 200 мл. вода 
  • 250 гр. маргарин 
  • 50 гр црно чоколадо 
  • 50 гр. бело чоколадо 
  • 400 гр. млеко во прав

 

Подготовка:

  1. Во сад се вари водата со шеќер и маргарин, а кога ќе зоврие убаво, се остава уште 5 минути па се става млеко во прав. 
  2. Се мати потоа се со миксер. 
  3. Се дели на два дела, во едниот се става бело чоколадо, во другиот црно. 
  4. Во триаголен калап се ставаат наизменично смесите, бела црна. 
  5. Се остава да се стегне и се сече. 
  6. Ако немате триаголем калап направете во правоаголен и сечете штангли.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text