Ќофтиња во сос од сирење и пиперка

Ќофтиња во сос од сирење и пиперка

Ќофтињата се секогаш добар избор за вкусен ручек. Уживајте!

Состојки:

  • 150 гр сирење по желба
  • 100 гр пиперка
  • 1 лажичка чили
  • 1 лажичка сенф
  • 2 лажици мајонез
  • 550 гр мелено говедско
  • 1 јајце
  • путер
  • бибер
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Во сад измешајте изрендано сирење, ситно сечкана пиперка, чили, сенф, мајонез и бибер. Кога состојките ќе се соединат, оставете ја смесата да отстои додека го подготвувате месото. 
  2. Во меленото месо додајте јајце, сол и бибер и сè лесно измешајте. Потоа додајте го месото во претходно направената смеса и повторно измешајте. 
  3. Растопете путер и ќофтињата, обликувани со раце, пржете ги на путер додека не поруменат.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text