Вкусна солена торта од компири: Без тесто, идеална за ручек и со скара

Вкусна солена торта од компири: Без тесто, идеална за ручек и со скара

Ако сакате да ги развеселите домашните со фина вечера или да ги изненадите гостите кои ви доаѓаат на скара, подгответе го ова јадење. Ќе им се допадне на сите!

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 2 дл кисела павлака Пекабела
  • 2 дл павлака за готвење
  • сол
  • бибер
  • 1 чешне лук
  • 180 гр кашкавал
  • 1 лажица мешавина од мелен ким, црвена пипер, кари, босилек
  • 40 гр путер
  • мускатно оревче

Начин на подготовка:

  1. Излупените компири исечкајте ги на тенки листови. Ставете ги во чинија и прелијте ги со студена вода. Оставете ги да стојат 5 минути, а потоа добро исцедете ги. Исчистете го лукот и пресечете го на половина. 
  2. Округол калап за торта на дното и по рабовите премачкајте го со половините лук, енергично стискајќи како би излегла целата арома, па калапот премачкајте го со путер. 
  3. Компирите, киселата и павлаката за готвење измешајте ги во чинија, зачинете со сол, бибер, изрендано мускатно оревче и мешавина од зачини. Добро измешајте и префрлете во калапот. Остатокот од павлаката од дното на садот ставете го по компирите, посипете со рендан кашкавал и листови путер. 
  4. Загрејте ја рерната на 180 степени и печете ги компирите околу 45 минути, додека не станат меки. Кога ќе бидат печени, оставете ги околу 10 минути да отстојат, а потоа исечете на парчиња. По желба можете да измешате и динстани печурки и мали коцки сланина.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text