Куглоф со вишни, мек и мирисен: Вкус кој го сакаат сите генерации

Куглоф со вишни, мек и мирисен: Вкус кој го сакаат сите генерации

Сочен и вкусен куглоф со вишни…

Состојки:

  • 4-5 јајца
  • 250 гр остро брашно
  • 500 гр вишни
  • 100 мл масло
  • 150-200 гр шеќер
  • рендана кора од лимон
  • 1/2 прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер, додајте брашно и прашок за печиво, кора од лимон, масло и сè убаво изедначете. Во силиконски калап за куглоф на дното расфрлајте малку вишни, покријте со неколку лажици разматено тесто, па повторно вишни, па тесто и сè така додека не го потрошите материјалот. 
  2. Од горе на врвот ставете вишни. Печете на 200 степени околу 30 минути. 
  3. Печениот куглоф извадете го од калапот и посипете го со шеќер во прав или ванилин шеќер.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text