Искусни скараџии откриваат тајна: Еве како да имате најдобра скара за празничната трпеза

Искусни скараџии откриваат тајна: Еве како да имате најдобра скара за празничната трпеза

Традиционално, за Меѓународниот ден на трудот се прави скара. Обично тоа се прави на отворено, во природа.

Целта е скарата да биде сочна, мека и вкусна. А еве како да го постигнете тоа.

Постојат неколку трикови и во оваа кулинарска работа. Говедското и телешкото ќе бидат посочни и помеки ако ги зачините, односно ги посолите после печење, додека останатото месо како пилешко и свинско најдобро е да го зачините и посолите пред печењето.

Месото ставено на скара мора да биде суво и розево во средината.

Кај ќебапите има најмалку работа бидејќи не е потребно да ги зачинувате бидејќи се веќе подготвени, слично е и со белото месо со тоа што зачинот го бирате сами, а се печат додека не попримат златна нијанса.

Кај колбасите битно е да изберете црвени, тие се веќе зачинети, така што нема да ви задаваат многу мака.

Доколку сакате да додадете и зеленчук на жар, бирајте црвена пиперка, шампињони, тиквици и модар домат.

Зеленчукот е доволно да го подготвувате до 7 минути, во зависност од јачината на огнот.

Уживајте во празниците со семејството и пријателите!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

Одлична комбинација: Таљатели со сланина, л

 

 

singlepost_text