Шампињони во бешамел сос

Шампињони во бешамел сос

Совршен вкус на печурки, многу едноставен рецепт за подготовка…

Состојки:

  • 400 гр шампињони
  • 40 гр маст
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 лажичка сол
  • прстофат мелен бибер
  • 1 лажичка сув зачин
  • 3 лажици брашно
  • 6 дл млеко
  • 1/2 лажичка мускатно оревче
  • 2 дл кисела павлака Пекабела

Начин на подготовка:

  1. Шампињоните измијте ги, исцедете ги и исечкајте ги на листови. 
  2. На маст стакласто пропржете ситно сечкан кромид. 
  3. Додајте сечкан лук, па исечкани шампињони и пржете со повремено мешање околу 10 минути. Додајте сол, бибер и сув зачин. 
  4. Кога течноста, која ќе ја пуштат шампињоните, ќе почне да се намалува, додајте брашно и пропржете го кратко, мешајќи со лажица. 
  5. Наливајте по малку студено млеко, непрекинато мешајќи. Како што сосот ќе се згуснува, доливајте по малку млеко и мешајте. Млеко наливајте додека не ја погодите густината на сосот. 
  6. Додајте уште малку сол и сув зачин по вкус, па изрендајте мускатно оревче. 
  7. Кога ќе ја добиете саканата густина, тргнете го тенџерето од плотна, додајте кисела павлака и мешајте додека не се растопи во сосот.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text