Сочно месо со многу кашкавал: Рецепт за највкусни шарски плескавици

Сочно месо со многу кашкавал: Рецепт за највкусни шарски плескавици

Направете вкусни шарски плескавици. Ова е рецептот за вкусно месо со кашкавал.

Состојки:

  • 300 гр. мелено месо 
  • 50 гр. брашно 
  • 1 главица кромид 
  • 2 лажички сол 
  • бибер 
  • 3 лажици ладна вода 
  • 100 гр. кашкавал 
  • пола лажиче сенф
  • 1 лажиче мајонез 
  • масло

 

 

Подготовка:

  1. Се спремаат од навечер за наутро. 
  2. Се става меленото месо во сад, се става вода и сол, па се меша, а потоа се додава бибер со брашно. Се меша пак и се додава ситно исечениот кромид. 
  3. Се замесува со рака, како да месите леб. 
  4. Се покрива со фолија и се става во ладилник. 
  5. Утредента со масло на рацете извадете 4 топчиња од смесата, па направете плескавици. На секоја ставете коцки кашкавал со вдлабнување, односно притиснете да влезе кашкавалот навнатре.
  6. Ставете малку сенф и мајонез па со друга плескавица преклопете ја првата. 
  7. Стиснете да не излезе смесата, па пржете на масло или на скара. 
  8. Ова е смеса за 2 поголеми плескавици.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*