Десерт без мака: Бели ледени коцки со банана и богат фил

Десерт без мака: Бели ледени коцки со банана и богат фил

Направете вкусна торта со банани.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 7 белки
  • 7 лажици брашно
  • 100 гр. шеќер
  • ½ прашок за пециво

 

Прелив:

  • 2 дл. млеко
  • 2 кеси ванилин шеќер

 

Фил:

  • 8 дл .млеко
  • 8 лажици шеќер
  • 7 жолчки
  • 3 лажици густин
  • 2 лажици брашно
  • 2 кеси ванилин шеќер
  • 250 гр. маргарин
  • 100 гр. шеќер во прав
  • 3 банани

 

 

Подготовка:

  1. Кората се прави со матење на белките со брашно, шеќер, прашок за пециво. Се става во плех и се пече на 200 степени 25 минути.
  2. Се прелева со врело млеко со ванилин шеќер кога ќе биде готова и се лади.
  3. За фил се остава млекото да врие, но претходно се двојат 7 лажици ладно млеко.
  4. Се мешаат со жолчките, шеќер, брашно,густин и ванила, па се става се во млекото да врие, потоа се трга смесата кога ќе се добие густ крем и се става и маргаринот да се растопи со 100 грама шеќер во прав.
  5. На кората се става тенок слој фил, па исечени банани, па повторно фил.
  6. Декорирајте по желба со чоколадо или шлаг.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

singlepost_text