Брзо и вкусно: Солена трота готова за 20 минути

Брзо и вкусно: Солена трота готова за 20 минути

Ви претставуваме еден интересен и вкусен рецепт за солена торта…

Состојки:

  • 300 гр солени бисквити
  • 600 мл павлака Пекабела
  • 1 поголемо пакување мајонез
  • 300 гр шунка Пекабеско
  • 300 гр кашкавал
  • 200 гр ситно сирење
  • 1/2 л јогурт

Начин на подготовка:

  1. Третина од солените бисквити потопете ги во јогурт и редете ги на тацна. Преку премачкајте фил од павлака, мајонез и сирење, а потоа изрендајте шунка и кашкавал. Повторувајте ја постапката додека не го потрошите целиот материјал (вкупно три реда). 
  2. Готовата торта украсете ја со зеленчук по желба и оставете ја во фрижидер да преноќи. 
  3. За оваа солена торта не ви е потребно многу време, а вкусот е извонреден!

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт