Повкусно од парена торта: Евтин колач со шербет и кокос

Повкусно од парена торта: Евтин колач со шербет и кокос

Направете вкусна торта од која застанува здивот.Брз и лесен рецепт.

Состојки:

  • 1 шолја шеќер 
  • 1 шолја брашно 
  • 1 шолја кокос 
  • 1 шолја масло 
  • 1 шолја млеко 
  • 1 шолја гриз 
  • 1 прашок за пециво 
  • 1 ванилин шеќер 
  • 3 јајца 

Шербет:

  • 2 шолји шеќер 
  • 1 шолја вода 
  • 2 лажици сок од лимон

Подготовка:

  1. Се матат јајцата со шеќер и се додаваат брашно, кокос, масло, млеко, гриз, прашок за пециво и ванилин шеќер. 
  2. Се става смесата во плех и се пече на 200 степени 30 минути. 
  3. Се вари и шербет од шеќерот со вода и сок од лимон. Се ставаат прво водата и шеќерот додека не зовријат, па се става сокот од лимон и се остава уште минута. 
  4. Се прелива врелиот колач. 
  5. Се лади и сече на коцки. 
  6. НАПОМЕНА: Шолјите се од 250 милилитри

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

 

 

singlepost_text