Минестроне супа: Вкусна и едноставна за подготовка, а полна со витамини

Минестроне супа: Вкусна и едноставна за подготовка, а полна со витамини

Закрепнувачка богата супа, идеална за секој ручек!

Состојки:

  • 200 гр тиквици
  • 150 гр моркови
  • 150 гр грав од конзерва
  • 100 гр пченка од конзерва
  • 100 гр грашок
  • 200 гр црвен кромид
  • 1-2 чешниња лук
  • 100 мл доматно пире
  • 100 мл маслиново масло
  • 800-1000 мл бујон од зелнечук
  • 80 гр тестенини
  • сол
  • свеж магдонос

Начин на подготовка:

  1. Ситно исечкајте кромид и лук, а морковите и тиквиците исечкајте ги на коцки. На маслиново масло динстајте го кромидот до златножолта боја, додајте коцки моркови, кратко пропржете, додајте сечкан лук, кога ќе забели прелијте со доматно пире.
  2. Посолете, залијте со бујон од зеленчук, гответе десет минути, додајте тестенини. После пет минути додајте грашок, гответе минута и додајте тиквици, грав и пченка. Гответе заедно 1-2 минути, проверете го вкусот, послужете декорирано со листови магдонос.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*