Десерт на денот: Торта со кафе и мелени ореви

Десерт на денот: Торта со кафе и мелени ореви

Направете супер вкусна торта со ореви и кафе.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 3 јајца 
  • 200 гр. шеќер 
  • 1 ванилин шеќер 
  • 50 гр. маргарин 
  • 1 лажица какао 
  • 2 дл. ладно процедено турско кафе 
  • 200 гр. брашно 
  • 1 прашок за пециво

 

Состојки за фил:

  • 1 л. млеко 
  • 3 пудинзи од ванила 
  • 15 лажици шеќер 
  • 125 гр. маргарин 
  • 150 гр. мелени ореви 

 

 

Подготовка:

  1. За бисквит пенасто се матат жолчките со постепено додавање шеќер, па маргарин и ванилин шеќер. 
  2. Се става и какао со прашок за пециво и брашно, се мати се и се става и кафето. 
  3. Се матат одделно белките и се ставаат во смесата. 
  4. Се става масло на плех и се става малку брашно, па се пече на 180 степени 30 минути. 
  5. Се сече потоа на половина пандишпанот. 
  6. За фил се матат 4 дл. млеко со пудингот, а останатото млеко се остава да врие. 
  7. Се додава пудингот, па маргаринот кој го матиме со шеќер и оревите. 
  8. Се става кора фил кора фил и горе малку ореви.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text