Повкусно од полнети пиперки: Тиквички полни месо, ќе замириса цело маало

Повкусно од полнети пиперки: Тиквички полни месо, ќе замириса цело маало

Направете вкусен ручек за сите сетила. Тиквички полнети со пилешко месо.

Состојки:

  • 4 тиквички 
  • 500 гр. мелено месо 
  • 1 главица кромид 
  • 3 чешни лук 
  • 100 гр. ориз 
  • сол 
  • бибер 
  • магдонос 
  • 700 мл. вода

 

 

Подготовка:

  1. Тиквичките се лупат и се сечат на два дела, па им се длаби внимателно внатрешноста. 
  2. На масло се пржи кромидот со лук, меленото пилешко месо, зачините, и се динста. 
  3. Се додава и исцедениот ориз, па се трга од оган по кратко пржење. 
  4. Се додава јајце и магдонос, па убаво се соединува. 
  5. Се полнат тиквичките со смесата, се полеваат со вода и се редат во тенџере. 
  6. Се варат додека не омекнат, околу половина час. 
  7. Супер се со павлака или тартар.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Тава со тиквички

Запечени тиквички

Поховани батаци

Батаци во сос

Гурмански батаци

Вкусни месни залаци

Пита со мелено месо и праз

Слатка зелка со мелено месо

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*