Селски погачици од кои тече фил: Појадок за 30 минути

Селски погачици од кои тече фил: Појадок за 30 минути

Направете вкусни погачи за добро утро со богат фил, кои шират арома низ целиот дом.Брзо и лесно, ова е рецептот:

Состојки:

  • 300 гр. брашно
  • 1/2 коцки квасец
  • сол
  • шеќер
  • масло
  • 200 мл. млака вода
  • 1 разматено јајце

Фил:

  • 150 гр. салама пилешка
  • 200 гр. кисело млеко
  • 1 јајце
  • малку сол

Подготовка:

  1. Во просејано брашно се става сол и шеќер, па се рони квасецот, а потоа се става водата, се замесува тесто и се остава на топло да нарасне.
  2. За фил се мешаат киселото млеко со сечената салама  и сол.
  3. Се расукува тестото, па се вадат погачи. На секој круг кој ќе го извадите, се прави помал круг на средина односно вдлабнатина.
  4. Се редат погачите на плех со масло, па се премачкуваат со јајце и на секоја во средина се става од филот.
  5. Се печат на 190 степени 20 минути.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*