Пита со јаболка, гриз и павлака

Пита со јаболка, гриз и павлака

Едноставна и многу вкусна…

Состојки:

  • 500 гр тенки кори
  • 3-4 јаболка
  • 2 јајца
  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја масло
  • 1 шолја млеко
  • 2 шолји гриз
  • 200 гр кисела павлака
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 кесичка прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер и ванила па додајте ги останатите состојки. Масата треба да биде фино измешана без грутки. 
  2. Изрендајте јаболка. 
  3. Премачкајте тепсија со масло, ставете една кора така што краевите ќе излегуваат преку рабовите. Премачкајте со 4 лажици намаз, згужвајте ја втората кора, повторно 4 лажици намаз и трета кора. Потоа ставете половина од ренданите јаболка па повторно ред кори, намаз, кори, намаз, кори, јаболка… Повторете уште еднаш со кори и намаз. 
  4. Преклопете ги краевите и премачкајте од горе со малку масло. Оставете да отстои 30 минути па печете во загреана рерна на 220 степени околу 40 минути. Ако користите поголема тепсија питата ќе се испече побрзо. 
  5. Печената пита оставете ја малку да се излади, посипете со шеќер во прав, сечете коцки и послужете.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Senigallia – Хотел, бар и ресторан кој стана уште едно обележје на Скопје

Дохранување на вашето бебе – Прочитајте искуство и совети од родители

Грижете се за здравјето на бебето: Еве што треба да јадат трудниците

ФОТО: Еве како ќе се вика петтото дете на Џејми Оливер

ФОТО: Џејми Оливер е татко за пример

Зошто се прават мекици и зошто мајките не се присутни?

Северина држи диета кога е бремена – Еве која

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*