Брокула со макарони

Брокула со макарони

Лесен и брз ручек – подгответе брокула со макарони…

Состојки:

  • 350 гр макарони
  • 500 гр брокула
  • 300 мл јогурт
  • 250 швапско сирење
  • 200 гр трапист
  • 2 јајца
  • сол
  • бибер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Брокулата исчистете ја од корен и раздвојте ги цветовите, па измијте ги под млаз студена вода. 
  2. Потоа кратко бланширајте од три до пет минути во посолена врела вода. 
  3. Омекнатата брокула исцедете ја и оставете ја на страна. 
  4. Посебно обварете макарони ал денте, па процедете ги од вишокот течност. 
  5. Во длабок сад измешајте брокула, макарони и швапско сирење, па префрлете во огноотпорен сад намастен со масло. 
  6. Разматете јогурт и малку масло. Зачинете по вкус и прелијте преку макароните во чинијата. 
  7. Сè посипете со изрендано трапист сирење. Печете во рерна загреана на 200 степени 25 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text