Сладок сендвич: Неодолив бисквит со кремаст фил, шлаг и овошје

Сладок сендвич: Неодолив бисквит со кремаст фил, шлаг и овошје

Идеален лесен десерт за попладневно дружење, со кафе и освежување.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 4 лажици брашно
  • 3 лажици масло
  • овошје по избор
  • 1 пудинг по избор
  • 250 мл млеко
  • 200 гр шеќер
  • коцка маргарин
  • 150 гр шлаг
  • чоколадни бонбони

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер, па додајте брашно и масло. Во поголем плех ставете хартија за печење и нацртајте кругови со големина на помала чинија, па хартијата свртете ја и ставајте по 3-4 лажици од разматеното тесто и распоредете колку што се големи нацртаните кругови. Во овој рецепт излегуваат 4 круга, односно бисквити. Печете ги на 200 степени. 
  2. Шлагот разматете го, а пудингот засладете го по желба, па во врелиот пудинг додајте мала коцка маргарин и измешајте. 
  3. На секој бисквит ставајте пудинг, шлаг, овошје и по некоја чоколадна бонбона и преклопете како сендвич. Зацврстете со чепкалка и ставете ги во фрижидер еден час да стегнат.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text