Идеја за совршен десерт кој не се пече, едноставно се прави, а вкусот е феноменален…
Состојки за кора:
- 300 гр мелени бисквити
- 100 гр путер или маргарин
- 2 лажици какао
- 150 мл млеко
Состојки за фил:
- 1 л млеко
- 8 лажици шеќер
- 3 кесички пудинг со вкус на карамел
- 1 лажица густин
- 150 гр путер или маргарин
Останати состојки:
- 10 цели бисквити
- 100 гр чоколаден шлаг крем
- 200 мл млеко
Начин на подготовка:
- Разматете путер, додајте мелени бисквити, какао и млеко, измешајте. Ставете во плех со обрач од 26 см. Наредете издробени бисквити.
- Пудингот и густинот измешајте ги па ставете 200 мл млеко и добро измешајте, да не останат грутки. Во 800 мл млеко ставете шеќер и загрејте (но не да зоврие). Додајте го пудингот и на умерена температура мешајте да згусне. Тргнете од рингла, додајте путер и измешајте да се растопи и соедини. Пудинг филот ставете го преку бисквитите.
- Ставете во фрижидер да се излади и стегне. Тргнете го обрачот. Разматете чоколаден шлаг крем со млеко и ставете го преку добро изладениот колач.
- Вратете на кратко во фрижидер па исечете и послужете.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта