Кремав ролат со богат и вкусен фил – Брз десерт кој ќе послужи и за свечености

Кремав ролат со богат и вкусен фил – Брз десерт кој ќе послужи и за свечености

Направете богат и кремав ролат со вкусна кора и повкусен фил.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 7 јајца 
  • 10 лажици шеќер 
  • 3 лажици брашно 
  • 1 лажица какао 
  • ½ лажички сода бикарбона

 

 

Фил:

  • 4 јајца 
  • 150 гр. шеќер 
  • 4 лажици брашно 
  • 3 дл. млеко (плус 3 лажици) 
  • 200 гр. маргарин 
  • 50 гр. чоколадо

 

 

Начин на подготовка:

  1. Пенасто се матат жолчките со шеќер. 
  2. Посебно се матат брашното со какао и сода бикарбона, па се додаваат на жолчките. 
  3. Се матат белките во цврст снег, па се додаваат лажица по лажица во смесата со жолчки. 
  4. Се става смесата на плех со хартија и се пече 20 минути на 180 степени. 
  5. Печената кора со помош на крпа се мота во ролат. 
  6. Се матат за фил јајцата со шеќер, со брашно и 3 лажици млеко. 
  7. Останатото млеко се става да врие и се додава претходната смеса. 
  8. Се лади и се соединува со маргаринот. 
  9. Се дели на два дела , па во едниот се става растопено чоколадо,  другиот се остава како што е. 
  10. Се одмотува ролатот, се става светол крем, па темен, па се витка ролат. 
  11. Се лади и сече. 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text