Совршен помфрит од рерна: Со само неколку капки масло ќе биде неверојатно крцкав и вкусен

Совршен помфрит од рерна: Со само неколку капки масло ќе биде неверојатно крцкав и вкусен

Совршен помфрит за кој не ви треба голема количина масло…

Пржењето помфрит секако не спаѓа во здрав начин на подготовка на храна.

Сепак, сега ви претставуваме како можете да направите совршен помфрит. Подготовката е малку поинаква, поради што овој специјалитет спаѓа во здрава храна.

Главната состојка за добар помфрит, освен компирот е пченкарниот скроб.

За да го постигнете максимумот бирајте компири со темна браун кора. Исечкајте ги на парчиња дебели од прилика еден сантиметар, бидејќи ако се претенки ќе изгорат од надвор, а внатре нема да бидат готови.

Потоа просушете го помфритот, посипете го со малку пченкарен скроб за да ја собере влагата, поради што помфритот ќе биде крцкав. Потоа рамномерно пропрскајте со малку маслиново масло, а потоа компирчињата наредете ги на плех.

Печете ги на 230 степени околу 20-25 минути, а на половина од печењето свртете ги на другата страна.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text