Појадок или ручек за работа: Мини пити со богат фил

Појадок или ручек за работа: Мини пити со богат фил

Направете совршен појадок или ручек за работа. Полжав питички со шунка.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 10 кори за пита 
  • 20 гр. квасец 
  • 250 мл. млеко 
  • 6 лажици брашно 
  • 100 гр. маргарин 
  • 200 гр. шунка 
  • 100 гр. маринирани шампињони 
  • 350 гр. сирење 
  • 2 јајца 
  • 100 мл. павлака 
  • вегета 
  • сол 
  • сусам

 

 

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад соединете млако млеко со квасец и брашно и прстофат сол, како и рендан маргарин и изматете, па оставете да нарасне 15 минути. 
  2. Се спрема филот така што се сечат шунката и маринираните печурки, а се рони сирењето. 
  3. Се соединуваат сирењето со јајца, павлака, шунка и печурки, се додаваат сол, вегета по избор. 
  4. Се зема кора и се премачкува со смесата со квасец, па се додава фил и се витка како полжав. 
  5. Така се прави со сите кори. 
  6. Се става хартија за печење на тепсија и се прска масло. 
  7. Се ставаат полжавите и се премачкуваат со останатата смеса од квасец, и сусам. 
  8. Се печат на 200 степени додека не поруменат.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*