Италијанска салата

Италијанска салата

Ви препорачуваме лесно јадење. Италијанска салата која воодушевува со својот вкус, а не бара многу време за подготовка.

Состојки:

  • 400 гр шпагети
  • 200 гр шунка Пекабеско
  • 150 гр кашкавал
  • 100 гр доматно пире
  • 1,5 дл кечап
  • 100 гр мајонез
  • 20 гр пармезан
  • 150 гр маринирани шампињони
  • 1 главица зелена салата
  • мешавина од зачини
  • оригано
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Шпагетите згответе ги во солена вода, а потоа исцедете ги и исечете ги на кратки парчиња. 
  2. Шунката исечкајте ја на коцки, шампињоните на листови, а кашкавалот изрендајте го крупно. 
  3. Во сад соединете ги шпагетите, шунката, шампињоните и кашкавалот. Додајте кечап, доматно пире, мајонез, пармезан, оригано и останати зачини по вкус. 
  4. Сите состојки полека измешајте ги за да добиете компактна маса. 
  5. Листовите зелена салата измијте ги и со нив прекријте ги садовите за послужување. Од горе ставете од подготвената салата и декорирајте по желба.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство