Хит пролетен колач: Богат крем и јагоди, совршенство за сите генерации

Хит пролетен колач: Богат крем и јагоди, совршенство за сите генерации

Направете фин и вкусен колач со јагоди, кој е совршен за овој период.

Состојки:

  • 5 јајца 
  • 5 лажици шеќер 
  • 5 лажици брашно 
  • 1 лажица масло

 

Фил:

  • 5 жолчки 
  • 8 лажици шеќер 
  • 1 ванилин шеќер 
  • 4 лажици остро брашно 
  • 0,5 л. млеко 
  • 100 гр. путер 
  • 5 белки 
  • 10 лажици шеќер 
  • јагоди

Подготовка:

  1. За кората изматете ги јајцата со шеќер и брашно, како и лажица масло и ставете во плех, па печете на 180 степени додека не порумени. 
  2. За фил измешајте ги жолчките со шеќер, ванилин шеќер и брашно, па млеко и сварете ја смесата. 
  3. Во оладениот фил ставете и путер и измешајте да се стопи. 
  4. Ставете на кората од кремот, па сечени јагоди, па шлаг од пет белки и шеќер. 
  5. Горе декорирајте со некоја јагода.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

 

 

singlepost_text