Плескавици од коприви и ориз: Здраво, вкусно и евтино јадење

Плескавици од коприви и ориз: Здраво, вкусно и евтино јадење

Додека има убави и млади коприви уживајте во вкусните и здрави рецепти со оваа намирница.

Состојки:

  • 250 гр интегрален ориз
  • 20 листови коприва
  • 1 главица кромид
  • 6 чешниња лук
  • 1 лажица сув зачин
  • малку бибер
  • 2 лажици маслиново масло
  • малку магдонос
  • 1 лажица пипер
  • вода

Начин на подготовка:

  1. Листовите коприви прелијте ги со врела вода и оставете ги да отстојат додека го подготвувате останатото. 
  2. Ситно сечканиот кромид пропржете го со лажица маслиново масло, додајте 100 мл вода и исечкан лук. Крчкајте водата да испари. 
  3. Оризот измијте го, додајте кромид и налијте 500 мл вода, зачинете. Гответе додека оризот не омекне и додека водата не испари. 
  4. Копривите измијте ги и исцедете ги од вода па исечкајте ги заедно со листови магдонос. Во зготвениот и врел ориз додајте коприва и оставете да се излади. Додајте и пипер и со раце добро изгмечете. Формирајте плескавици или ќебапи па печете во загреана рерна прелиени со малку маслиново масло. Печете 20-25 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text