Крем супа од тиквици

Крем супа од тиквици

Доколку додадете коцки леб (кубети), оваа супа можете да ја послужите и како главно јадење.

Состојки:

  • 400 гр тиквици
  • 2 дл полномасно кравјо млеко
  • 1 лажица солен путер
  • 1 лажица бело пченично брашно
  • 1,5 лажица сечкан магдонос
  • 80 гр кисела павлака
  • 8 дл вода
  • 1 лажица мешавина од суви зачини

Начин на подготовка:

  1. Исчистените и иситнети тиквици ставете ги во сад, прелијте со 7 дл вода, гответе 10 минути. 
  2. Додајте млеко и путер и гответе 5 минути, тргнете од оган и измиксајте. 
  3. Брашното измешајте го со 1 дл вода и додајте го во супата, зачинете со мешавина од зачини и додајте павлака. Oставете да се готви 3-5 минути. 
  4. Тргнете од оган, додајте магдонос и послужете со коцки леб (кубети).

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text