Домашни се највкусни: Кнедли со сирење и гриз

Домашни се највкусни: Кнедли со сирење и гриз

Подгответе вкусни кнедли со сирење и гриз на едноставен начин…

Состојки:

  • 500 гр швапско сирење
  • 7-8 лажици гриз
  • 4-5 лажици оштро брашно
  • 4 јајца
  • прстофат сол
  • малку шеќер

Начин на подготовка:

  1. Соединете ги сите состојки и ставете ги во фрижидер на час-два. 
  2. Со помош на две лажици обликувајте кнедли и спуштајте ги во врела вода, малку посолена. 
  3. Количината на гриз и брашно зависи од тоа колку сирењето е исцедено. Најдобро е прво да пробате да спуштите една кнедла во вода, па ако се распаѓа додајте уште брашно или гриз. 
  4. Кога кнедлите ќе бидат готови, извадете ги и исцедете ги, па извалкајте ги во презла пропржена на малку масло или путер. 
  5. Послужете со шеќер, шеќер и шлаг или компот.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text