Ароматични кременадли со павлака и топено сирење: Највкусното месо кое можете да го подготвите за ручек

Ароматични кременадли со павлака и топено сирење: Највкусното месо кое можете да го подготвите за ручек

Совршен предлог за ручек!

Состојки:

  • 1 кг свински кременадли
  • 200 гр кисела павлака Пекабела
  • 50 мл масло
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица сенф
  • зачин
  • сол
  • бибер
  • 4 чешниња лук
  • 100 гр рендан кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Кременадлите исчукајте ги, посолете ги и додајте малку зачин. Намачкајте ги со сенф и пропржете ги на масло околу 15 минути.
  2. Павлаката разматете ја, па додајте кашкавал, брашно, издробен лук, бибер и малку вода. Измешајте. Кременадлите наредете ги во намастена тепсија и прелијте ги со павлака.
  3. Запечете во рерна на 200 степени – додека не поруменат – околу 15-20 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*