Чоколадна бомба – Брз колач од неколку состојки

Чоколадна бомба – Брз колач од неколку состојки

Направете чоколадна бомба со супер вкус во вашата кујна. Ова е рецептот.

Состојки:

  • 6 јајца
  • 150 гр. шеќер
  • 200 гр. маргарин
  • 150 гр. какао
  • 4 лажици брашно
  • ½ прашок за пециво
  • 1 л. павлака слатка
  • 400 гр. чоколадо

 

Подготовка:

  1. За бисквит се матат жолчките со шеќер и маргарин, па се додава какао и брашно со прашок за пециво.
  2. Белките се матат во цврст снег, па се додаваат постепено во смесата.
  3. Се пече бисквитот во плех со хартија на 180 степени 20 минути.
  4. За крем се загрева павлаката со чоколадото, па се лади и се става на бисквитот.
  5. Нека се стегне, па украсете си по избор.

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Тече чоколадо, а врз него малини

Брзи корнфлекс корпи

Брзи пуслици

Алва торта

Баклава

singlepost_text