Залиена пита со месо и јогурт: Турско предјадење број 1

Залиена пита со месо и јогурт: Турско предјадење број 1

Посочна пита немате пробано…

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 100 мл масло
  • 1 лажица сув зачин
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1 лажица сушен магдонос
  • 4 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 400 мл вода
  • 500 гр дебели кори за пита

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте го кромидот ситно, додајте масло и неколку лажици вода, па кромидот продинстајте го, а потоа на среден оган малку пропржете. Додајте месо и 200 мл вода па сè заедно динстајте додека вишокот вода не испари. Додека се динста, додајте и сув зачин, бибер и магдонос. 
  2. Посебно подгответе смеса за заливање: Разматете јајца со сол, па додајте јогурт и вода, измешајте и малку разматете. 
  3. Намастете плех, ставете на дното 3 кори, па секаде по малку месо. Повторно редете три кори па месо, додека не завршите. Помеѓу секоја кора ставајте по малку масло. 
  4. Питата исечете ја со остар нож, па прелијте ја со смесата за заливање. Протресете ја тепсијата. 
  5. Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени, а за тоа време оставете ја питата да впие од смесата за заливање. 
  6. Печете додека питата не добие светло браун боја, помеѓу 30 и 40 минути. Печената пита премачкајте ја со мешавина од 2 лажици вода и 2 лажици масло, па оставете да се излади. Пресечете и послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text