Подгответе вкусни тортиљи со пилешко и зеленчук!
Состојки:
- 1 пакување тортиљи
- 1 главица црвен кромид
- 1 црвена пиперка
- 2 тиквици
- 1 лажичка ким
- 1/2 лажичка црвена пипер
- сол
- бибер
- сув зачин
- маслиново масло
- 2 испасирани чешниња лук
- хумус
Начин на подготовка:
- Рерната загрејте ја на 250 степени, а зеленчукот исечкајте го на парчиња. Ставете го во плех, прелијте со маслиново масло, пасиран лук па зачинете по желба.
- Зеленчукот печете го половина час со повремено мешање. Во тава на маслиново масло испржете пилешко и зачинете го.
- Тортиљите испечете ги во тава, секоја премачкајте ја со хумус, додајте месо, печен зеленчук и свиткајте.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт